Прејди на содржината

Џовани Арканџели

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Arcang.)
Џовани Арканџели
Роден(а)18 јули 1840(1840-07-18)
Починал(а)16 јули 1921(1921-07-16) (возр. 80)
Авторска кратенка (бот.)Arcang.

Џовани Арканџели (роден на 18 јули 1840 година - починал на 16 јули 1921 година) — италијански ботаничар од Фиренца.

Во 1862 година дипломирал природни науки на Универзитетот во Пиза, каде што потоа станал асистент и професор. Во 1880 година бил професор по ботаника на Универзитетот во Торино, а во 1882 година бил назначен за директор на Ботаничката градина во Пиза.

Во 1882 година, тој го објавил своето најпознато дело, високо ценет компендиум за италијанската флора насловен како Compendio della flora italiana.

Родот на растенијата Arcangelisia од семејството Menispermaceae бил именуван во негова чест во 1877 година. Потоа во 1891 година, Кунце го објавил името Arcangelina, но тоа денес е синоним за Tripogon. Потоа во 1900 година, Фридијано Кавара го објавил родот на гастероидни габи Arcangeliella од семејството Russulaceae. Исто така, Neoarcangelia била објавена од Берл во 1900 година ( која што е дел од семејството Pleurostomataceae).

  1. ↑ „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]