Прејди на содржината

ASIMO

Од Википедија — слободната енциклопедија
ASIMO
Asimo logo
ASIMO at the Tokyo Motor Show
ASIMO на Саемот за автомобили во Токио во 2011 г.
ПроизводителHonda
Земја Јапонија
Година на создавање2000
Видробот хуманоид
Наменадемонстратор на технологија
Мреж. местоasimo.honda.com

ASIMO (акроним од Advanced Step in Innovative Mobility; јапонски: アシモ) — робот хуманоид. Развиен е во Центарот за фундаментални технички истражувања во Вако (Јапонија) од страна на корпорацијата Honda, а првпат пред јавноста бил претставен во 2000 г. Последната верзија на роботот, издадена во 2014 г., била висока 130 см, тешка 50 кг и била способна да се движи со брзина до 7 км/ч.

На 8 јули 2018 г., Honda објавила соопштение на својата официјална страница дека го прекинува развојот и производството на роботите Asimo, со цел да се фокусира на попрактични примени на технологиите развиени за време на постоењето на проектот.[1] Во март 2022 г. се одржало последното проштално појавување на роботот Asimo пред јавноста.[2]

Името е избрано во чест на авторот на „Трите закони на роботиката“, писателот Ајзак Азимов.[3] На јапонски јазик, името на роботот се изговара „Асимо“ и е созвучно со фразата што значи „и нозе“.

Во 2009 г. во светот постоеле 100 примероци на ASIMO.[4] Трошоците за производство на секој од нив не надминуваат еден милион долари.

ASIMO е способен да разликува луѓе преку посебни картички што се носат на градите. Исто така, ASIMO умее да се движи по скали.

  1. ↑ „Источник“. Архивирано од изворникот 2011-02-24. Посетено на 2024-04-13.
  2. ↑ „Honda's Asimo robot retires after 20-year career wowing public“. Архивирано од изворникот 2024-03-28. Посетено на 2024-04-13.
  3. ↑ . ISBN 1404209565. Занемарен непознатиот параметар |издателство= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |година= (help); Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Занемарен непознатиот параметар |страници= (help); Занемарен непознатиот параметар |врска= (help); Занемарен непознатиот параметар |место= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  4. ↑ Today it’s a cute friend. Tomorrow it could be the dominant life form | Kevin Warwick — Times Online[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]