Atriplex rosea
| Atriplex rosea | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| Ред: | Каранфиловидни |
| Семејство: | Штирови |
| Род: | Лобода |
| Вид: | Atriplex rosea |
| Научен назив | |
| Atriplex rosea L. | |
Atriplex rosea е вид лобода која потекнува од Евроазија, но е широко распространета на други места како воведен вид.
Опис
[уреди | уреди извор]Едногодишно растение, високо до 100 цм. Стеблото вертикално, разгрането, цилиндрично, мазно или аглесто, белузлаво, со брашнест налеп. Листовите последователни, јајцевидно-ромбични или триаглесто-ромбични, со дршка покуса од ламината, или приседнати, неправил- но назабени. Од горната страна зелени а од долната со сребренест брашнест налеп. Најгорните со помали димензии, издолжено-елиптични, неправилно назабени. Цветовите еднополни и дводомни, собрани во терминални или пазувни класовидни соцветија, кои се испрекинати. Соцветијата до врвот со листови. Женските цветови без перијант, со 2 широко-ромбични или јајцевидно-триаглести, до 12 мм долги брактеоли, кои за време на образувањето на плодот до половината сраснуваат помеѓу себе, во основата клиновидно стеснети, по рабовите неправилно назабени, мазни или препокриени со брадавичести израстоци. Семките се сјајни, кафеаво-црни до црни.[1]
Распространетост во Македонија
[уреди | уреди извор]Atriplex rosea расте покрај ѓубришта, на места со отпадоци, патишта и по засолени почви. Познато за Штип, Велес, Нов Дојран, а се посочува за Скопје и Црна Река - Витрена, Крива Паланка.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|