Прејди на содржината

Space Invaders

Од Википедија — слободната енциклопедија
Space Invaders
Портретен уметнички приказ на пуст вонземски пејзаж со голем топ во долниот дел. Врз него е наложена слика од играта и слика од аркадниот кабинет. Во горниот десен агол е логото на „Taito Taitronics“.
ИзработувачTaito
Издавач
Taito (ЈП/АЗ/ЕУ)
ДизајнерТомохиро Нисикадо
КомпозиторМичијуки Камеи
СеријалSpace Invaders
Подлоги
Датум(и)
Датуми на издавање
  • Аркаден автомат: јули 1978 (ЈП), ноември 1978 (САД)
    Atari 2600: 10 март 1980
    Atari 8-bit: 1980
    Atari 5200: октомври 1982
    Famicom: 17 април 1985
    SG-1000: јуни 1985
    WonderSwan: 13 мај 1999
    iOS: 27 февруари 2009
Жанрshoot 'em up
Режимедноиграчки, повеќеиграчки
Управувањетастер и допирен екран

Space Invaders (македонски: Вселенски напаѓачи, јапонски: スペースインベーダー) — видеоигра развиена од Томохиро Нисикадо и издадена во 1978 г. за аркадни автомати. Првично, автоматите биле произведувани од компанијата Taito Corporation и биле достапни исклучиво на јапонскиот пазар, но подоцна компанијата Midway ги откупила правата за распределба во САД.

Иако според денешните стандарди играта е мошне едноставна, таа се смета за основоположник на современите видеоигри и одиграла клучна улога во претворањето на играчката индустрија во една од најголемите светски индустрии.

Играта подоцна била пренесена на многубројни подлоги и добила неколку продолженија. Верзијата за Atari 2600 ја зголемила продажбата на конзолата четирикратно, станувајќи првата „убиствена апликација“ (игра што ја зголемува продажбата на самата подлога) во историјата на видеоигрите.[1] Space Invaders често е предмет на пародија, дел од многу други видеоигри, а пикселизираниот приказ на вонземјанинот станал иконски симбол на поп-култура и често се користи како општ симбол за видеоигрите воопшто.

Играчки процес

[уреди | уреди извор]
Играчот управува со ласерски топ што пука кон вонземјани што се спуштаат одозгора.

По жанр, Space Invaders е игра од типот shoot ’em up, во која играчот управува со ласерски топ, движејќи го хоризонтално во долниот дел од екранот и пукајќи кон вонземјани што надвиснуваат одозгора. Целта на играта е уништување на пет реда по единаесет вонземјани, кои се движат хоризонтално, а повремено се спуштаат и вертикално кон дното на екранот.[2] Играчот располага со неограничено стреливо. Со секое погодување на вонземјанин, играчот добива поени. Како што се уништуваат вонземјаните, се зголемува брзината на движење на преостанатите, а се забрзува и темпото на звучните ефекти.[3][4][5] Кога ќе се уништат сите вонземјани, се појавува нов, потежок бран, а играчот добива еден дополнителен живот. Бројот на нови бранови е неограничен, што ја прави играта бескрајна.[1][6][7]

Вонземјаните се обидуваат да го уништат топот пукајќи кон него. При погодок, топот се уништува, а играчот губи еден живот. Ако бројот на животи се сведе на нула, играта завршува. Доколку кој било од противниците допре до дното на екранот, се смета за „вонземјански напад“ и играта исто така завршува. Повремено, во горниот дел од екранот се појавува „таинствен брод“ (англ. mystery ship), чие уништување носи бонусни поени. Ласерскиот топ е делумно заштитен со неколку заштитни бункери, чиј број се разликува според верзијата на играта. Овие бункери можат да бидат оштетени или уништени и од страна на играчот и од страна на вонземјаните.[1][3][6][7]

Издавање

[уреди | уреди извор]

Компанијата Taito официјално ја издала Space Invaders за потребите на авторските права во април 1978 г.[8] Играта била претставена пред деловни партнери во јуни 1978 г. Фокусот на настанот бил насочен кон играта Blue Shark, за која раководството на Taito верувало дека ќе биде поуспешна, додека Space Invaders била додадена дополнително во текот на планирањето на настанот. До јули 1978 г., компанијата започнала со масовно производство и пуштање на играта во оптек.[9][10] Taito најпрво го издала стандардниот исправен аркаден автомат, кој бил најавен во август 1978 г.[11] Следниот месец, компанијата објавила верзија со автомат во облик на маса, која во Јапонија била наречена T.T. Space Invaders („настолна“ верзија).[12] Taito поднела барање за заштитен знак за името на играта до Јапонски патентен завод на 18 септември 1978 г.[13]

Набргу по издавањето, програмерите забележале програмска грешка во монетоприемникот. Бидејќи дотогаш биле распределени само неколку стотици единици, Taito успеала да го поправи проблемот со замена на ROM-чиповите во уредите. Taito исто така добивала барања за поправка на звукот на играта, што Камеи открил дека се должи на кинењето на хартиената мембрана на звучникот поради честото користење. Компанијата ги заменила мембраните со поиздржлива верзија, која станала стандард во идните автомати. Била откриена и програмска грешка во самата игра, која ги спречувала нападите на вонземјаните да го погодат ласерскиот топ доколку се наоѓа во непосредна близина. Иако било можно програмирање на поправка, раководството на Taito одлучило да не врши втора замена на ROM-от, бидејќи огромната популарност на играта го правела овој потфат премногу скап. Играчите со текот на времето ја прифатиле оваа грешка како стратегија, нарекувајќи ја „Стрелба во Нагоја“ (јап. 名古屋撃ち Nagoya uchi) и „Ѕид на смртта“.

  1. 1 2 3 The Definitive Space Invaders (англ.) // Retro Gamer. — Imagine Publishing, 2007 год. — No. 41. — P. 24—33.
  2. ↑ Во различни верзии на играта, овој број се разликува. Во верзијата за аркадни автомати, NES и MSX има 5 реда по 11 вонземјани, во верзијата за Atari 2600 — 6 реда по 6 вонземјани, додека во верзијата за Atari 5200 — 7 реда по 6 вонземјани.
  3. 1 2 Seabrook, Andrea (2008-04-12). „Replay: The Evolution of Video Game Music“. All Things Considered. National Public Radio. Архивирано од изворникот на 2012-02-13. Посетено на 2010-12-05.
  4. ↑ Дмитрий Посиделов (2006-12). „Из чарта вон“ (руски). Игромания. Архивирано од изворникот 2013-07-29. Посетено на 2010-12-06. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. ↑ teofrast2000 (2009-12-03). „Обзор игры Space Invaders на Old-Games.RU“ (руски). Old-Games.RU. Архивирано од изворникот на 2012-02-13. Посетено на 2010-12-06.
  6. 1 2 Kevin Bowen. „The Gamespy Hall of Fame: Space Invaders“. GameSpy. Архивирано од изворникот на 2012-02-13. Посетено на 2010-12-05.
  7. 1 2 . ISBN 978-1-904994-21-3. Занемарен непознатиот параметар |день= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |страницы= (help); Занемарен непознатиот параметар |ответственный= (help); Занемарен непознатиот параметар |серия= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |месяц= (help); Занемарен непознатиот параметар |ссылка= (help); Занемарен непознатиот параметар |часть= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  8. ↑ „Space Invaders (Registration Number PA0000120007)“. U.S. Copyright Office Public Records System. Служба за авторски права на САД. Посетено на June 1, 2021.
  9. ↑ Akagi, Masumi, уред. (October 13, 2006). アーケードTVゲームリスト国内•海外編(1971–2005) [Аркадна ТВ игра список: Домашно и странско издание (1971–2005)] (јапонски). Јапонија: Amusement News Agency. стр. 40–41. ISBN 978-4990251215 – преку Internet Archive.
  10. ↑ Shibata, Yoko (June 28, 1979). „Electronic Games: Japan converts its Pachinko parlours“. International Companies and Finance. Financial Times. Лондон, Англија: The Financial Times Ltd. стр. 35. ISSN 0307-1766 – преку Internet Archive.
  11. ↑ Akagi, Masumi, уред. (August 15, 1978). „話題のマシン“ [Популарна машина] (PDF). Game Machine (јапонски). Бр. 102. Осака, Јапонија: Amusement Press. стр. 17. Посетено на October 9, 2025.
  12. ↑ Akagi, Masumi, уред. (September 15, 1978). „話題のマシン“ [Популарна машина] (PDF). Game Machine (јапонски). Бр. 104. Осака, Јапонија: Amusement Press. стр. 10. Посетено на October 9, 2025.
  13. ↑ „Space Invaders Trademark“. Japan Platform for Patent Information. Јапонски патентен завод. September 28, 2022. Посетено на October 8, 2025.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]